Адријана Поп Арсова е прва Македонка која истрчала маратон за пократко од три часа

179

Атлетичарка Адријана Поп Арсова го подобри македонскиот државен рекорд во најдолгата дисциплина, откако на маратонот во Подгорица истрча со резултат под три часа.

Таа трката во црногорската престолнина ја заврши за два часа, 59 минути и 43 секунди и беше четвртопалсирана во женска конкуренција.

Претходниот рекорд, исто така, и припаѓаше на Поп Арсова, а изнесуваше три часа и 37 стотинки и го постави пред само две седмици на маратонот во Ајндховен, Холандија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...