Административците следната недела ќе добијат колективен договор

Претседателот на УПОЗ нагласи дека јавната администрација и пред и после избори е на удар на партиите, поради што навистина е тешко да се бори за правата

1239
20150911 Friday 0943 ministerstvo za informaticko opstestvo i administracija

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Пеце Грујовски, во врска со потпишувањето колективен договор за администрацијата, посочи дека смета оти направиле солиден колективен договор што треба да биде потпишан до крајот на претстојнава недела.

– Преговарањето за колективен договор за јавната администрација навистина трае малку подолго. Причина се одредени бариери, дека не можат административците да имаат поголеми права затоа што се налепи таа етикета дека администрацијата е неефикасна, неработна, што е апсолутно неточно – рече Грујовски.

Тој нагласи дека јавната администрација и пред и после избори е удар на партиите од едната и другата страна, поради што навистина е тешко да се бори за правата.

– Не може да се генерализира – „јавната администрација не е работна, не е ефикасна“. Исто како и сите вработени во другите дејности, секаде има работници и неработници. Има раководители кои тоа треба да го санкционираат и кои треба да ги наградат добрите работници – истакна претседателот на УПОЗ.

Тој потенцираше дека на општо задоволство на Синдикатот, колективниот договор што треба да се потпише обезбедува соодветни права за јавната администрација, но се разбира и обврски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...