Адеми: Петок или сабота средба со СОНК

100

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска при посетата на скопското осново училиште „Лирија“ информира дека в петок или сабота ќе одржи средба со Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК.

Тој посочи дека Министертсвото е во редовна комуникација со претседателот на СОНК, Јаким Неделковски.

– Разговараме, дискутираме и анализираме за сите параметри, откако се ќе биде расчистено и кристално јасно ќе одлучиме заеднички за идното покачување на платите – рече Адеми.

Тој додаде дека преземаат низа активности и низа мерки за кои има и фискални импликации и оти се разгледуваат сите опции и детали за да имаат поддршка и основа за идното покачување на платите.

– Дали нашите наставници и сите вработени заслужуваат повеќе, секако дека да, тоа сме го покажале досега со растот и покачувањето на платите за 10,8 проценти од две години по ред и мислам дека ќе имаме идно покачување на платите, но колку ќе биде тоа покачување зависи од разгледување од сите параметри – вели Адеми.

Прашан за учебниците за кои некои училишта се жалеле дека недостасуваат, тој посочи дека имаат две постапки од кои треба да се направи дистинкција: постапка за откуп која се реализира со издавачките куќи кои имаат ексклузивно право врз учебникот и со што воопшто немаат проблем и имаа учебници за кои Министерството го има автрското право, а за тоа, како што информира, се веќе при финализација на постапката за избор на економски оператор.

– Кога сме кај вторава постапка, од 2014 година не сме имале успешна јавна набавка или по жалба на постапка или пред судски инстанци се поништувала јавната набавка. Затоа сега сме на добар пат, се евалуираат понудите и за брзо време ќе имаме електронска аукција и тој што ќе понуди пониска цена, тој ќе биде избран да ги печати сите учебници за кои Министерството го има ексклузивно право – рече Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...