Адеми: Македонската заедница во Хрватска важна алка за градење на соработката

115

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на неговата посета во Хрватска денеска се сретна со заедницата на Македонците во Хрватска.

Министерот Адеми ги информираше присутните за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората и беа разгледани можностите за идна заедничка соработка со цел реализацијата на активностите кои произлегуваат од стратегијата и акцискиот план.

Македонските здружениа во Хрватска побараа поддршка за нивните активности во таа земја. Министерот Адеми вети дека ќе ја имаат неговата поддршка и ги охрабри да продолжат со нивната активна работа во промовирањето на вредностите и културата на Република Северна Македонија во Хрватска.

Министерот Едмонд Адеми попладнево ја посети и локацијата каде што се гради Македонската православна црква во Загреб и реализираше средба со отец Кирко Велински.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...