Пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ Џеват Адеми и Илија Димовски на седницата за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи се скараа. Адеми на Димовски му забележа дека дозволиле (не)Македонска да им ја брани македонштината. Димовски му возврати до кај стигнале командандите на ДУИ, да ги рекетира Боки 13.
– До каде дојде една патриотска партија како ВМРО-ДПМНЕ да бара од една не Македонка, Еврејка, да ја брани македонштината. Јас кога се борев за правата на Албанците, се борев сам и не барав од моите соседи не Албанци да се борат за тоа. И за тоа платив лично казна, 8 ипол години затвор – рече Адем.
На ова му реплицираше Димовски.
– До кај стигнаа командандите на ДУИ, да ве рекетира Боки 13 и да ви ’ржи Мухамед Зекири – рече Димовски.