Адел се преполови по разводот, на последната фотографија е секси „мачка“ ФОТО

Фотографијата настанала во текот на турнејата на популарните „Спајс грлс“, без Викторија Бекам, на стадионот „Вембли“ во Лондон.

1032

Популарната Адел повеќе не е дебелка туку сериозна сексапилна убавица. Адел (31) по разводот од сопругот Сајмон Конецкиј (45), едвај личи на себе од пред неколку месеци затоа што се „преполовила“.

Тоа го докажуваат нејзините последни фотографии на кои се гледа дека е сериозна „мачка“, како што коментираат многу луѓе на социјалните мрежи.

Фотографијата настанала во текот на турнејата на популарните „Спајс грлс“, без Викторија Бекам, на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Адел со музичката група која ја обожава, позирала во обична црна маичка, шарени панталони, со совршено фризура, а линијата на телото – неверојатна!

Да потсетиме, разводот на бракот помеѓу Адел и Сајмон се случи не многу долго по нивната венчавка која беше во 2016 година, која беше тајна и за неа се дозна дури во 2017 година на доделувањето на „Греми“ наградите, кога Адел нејзиниот сопруг и бракот ги спомна во нејзиниот говор.

– Адел се раздели од партнерот, но приоритетот им е одгледувањето на нивниот син Ејнџел – изјавила портпаролката на Адел.

Предбрачни договор помеѓу овој пар не постои, а со оглед на тоа дека Адел е “тешка“ над 80 милиони долари, нема сомнеж дека ја чека сериозна борба за недвижнините и богатството.

 

Foto: Profimedia/Backgrid

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...