После повеќе од 60 милиони продадени примероци од албуми, раѓањето на синот, разводот како и песните кои не се симнуваа од врвот на топ-листите, британската пејачка Адел се реши за голема промена и трансформација во својот живот.
На прославата на 33. роденден на раперот Дрејк, која славниот музичар ја организирал во музичкото студио во Холивуд се појавиле бројни славни личности, но најголемо внимание предизвикала Адел (31).
Адел сите ги воодушевила со новата фигура. Иако пејачката по раѓањето на синот успеала да изгуби поголем дел килограми, сега едноставно се преполовила, никогаш не била послаба.
Пилатесот најмногу ѝ помогнал во борбата со килограмите. Адел веќе извесно време вежба пилатес со пријателката Ајда Филд, сопругата на музичарот Роби Вилијамс, а според пишувањето на „Дејли мејл“, пејачката почнала да вежба по пропаднатиот брак со претприемачот Симон Конецки.
Обожавателите веднаш ѝ порачаа дека мора под итно да почне повеќе да јаде, а Адел на ова само се насмеа и посочи дека се е во ред со нејзиното здравје.