Аделина Тахири со гламурозна забава пред породувањето

1807
Пејачката Аделина Тахири и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков, го очекуваат раѓањето на нивното прво дете. Аделина и Серјожа синоќа во еден скопски ресторан, во американски стил, познат како „бејби шауер“ направиле голема забава славејќи со пријателите дека наскоро ќе стане мајка.

Пејачката и адвокатот со голема забава го најавија раѓањето на нивното прво дете, син, кое треба да се случи набргу.

– Премногу сум емотивна, Ви благодарам што дојдовте. Нашиот син ќе се вика Јон – им открила Тахири на гостите.

Дрес код на забавата бил сите да бидат облечени во бело. Аделина била облечена во долг фустан украсен со циркони и пердуви.

Аделина и Серјожа се свршија во декември, лани, по една година врска. Ова е втор брак на Серјожа Марков.

Фото: Prive.al

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...