Тоа го соопшти еден од адвокатите на Караџиќ, Горан Петронијевиќ.
– Подготвуваме барање за повторно судење. Ревизијата е можна ако одбраната или обвинителите најдат нови докази или факти, кои не се познати во време на изрекување на пресудата на првостепениот или второстепениот суд, а кои можат сериозно да влијаат на одлуката на судот, вели Петронејевиќ.
Тој рече дека одбраната поседува „сериозен пакет на документи, добиени од обвинителите во време кога веќе било доцна да се искористат во процесот” и додаде дека „95 отсто од сите докази биле кај обвинителите”.
Судот во Хаг го осуди Караџиќ на 40 години затвор, пред се поради масакрот во Сребреница, а на жалбата на одбраната, на 20 март оваа година пресудата беше преиначена во доживотен затвор.