Сите три жалби поднесени од сопственикот на „НОЕЛ“ Гевгелија во врска со предметот „Поштенска банка“ се прифатени од Судот во Стразбур, соопштува адвокатот Петро Јанура, а пренесува Академик.
– Во име на Томе Главчев, сопственикот на ‘НОЕЛ’ Гевгелија, поднесени се три жалби до Европскиот суд за човекови права. Жалбите се поднесени во врска со предметот ‘Поштенска банка’ на СЈО, каде што жалителот има статус на осомничен во истрагата. Сите три жалби се прифатени од Европскиот суд, односно успешно ја поминаа првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеноста и се проследени на понатамошно постапување. Жалбите беа поднесени поради флагрантно кршење на човековите права на мојот клиент, направено со истражните дејства и постапувањата на СЈО и на судот во рамките на истрагата за предметот ‘Поштенска банка’ – вели адвокатот.
Целата изјавата можете да ја прочитате ТУКА.