Осомничениот во ТНТ, Тони Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба утрово не дојде на судското рочиште затоа што не добил покана.
Неговиот адвокат, Јовица Страшевски, кој во минатиот четврток најави дека ќе биде на одмор, денеска сепак дојде на судењето и потврди дека Трајковски немал уредна достава на поканата за присуство на рочиштето за уривањето на Космос, објект во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски.
– Известен сум од неговата сопруга дека нема добиено покана за денешното рочиште – рече Страшевски кој објасни дека и тој не добил покана, но сопругата на Трајковски го замолила да дојде на судењето.
На судењето не дојде и обвинетата Елизабета Најдовска која како што рече адвокатот Мерџан Даути исто така не добила покана.