Адвокатот на Тарчуловски се сомнева дека Кацарска е роднина со некој од оштетените

1103

Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, побара изземање на судијката Добрила Кацарска бидејќи се сомнева дека таа е во роднински врски со некој од оштетените во предметот за 27 април лани.

Судијката побара да го образложи ваквото барање, а тој рече дека во текот на денот ќе достават докази до судот. Апостолски, исто така, рече дека Кацарска тенденциозно го води предметот.

Судијката даде пауза од 1 час за претседателот на судот да одлучи за барањето.

Досега сведочеше само еден од предвидените четири сведоци, вработен во Собранието задолжен за електронскиот систем, вклучување на микрофоните и на системот за гласање.

По паузата, треба да сведочи пратеникот Ферид Мухиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...