Адвокатката Јошевска: Русковска троа нека одмори, па нека пишува покани и зема изјави

2298

Адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска преку Фејсбук ѝ порача на обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата за „Рекет“, да одмори, па после да пишува покани и да зема изјави.

„Вилма Русковска на една радио емисија изјави дека предистрагата траела долго затоа што испитувале дали со пријавата и доказите можеби намерата е да се наштети на ‘колегите од СЈО’. Еве ние, додека се забавуваме со мобиновелава уште чекаме да видиме што утврдиле. Слободно нека се одмори уште троа, па нека пишува покани, па нека прави план за истрага, па допрва нека зема изјави, па анализој, дискутој, после нека ни одговори. Имаме време, нека не брза“, пишува Јошевска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...