Адвокатката на Леви: Испитувањето на Вељаноски од Кацарска е надвор од законот

1209

Судот треба да е нем посматрач, а доколку има потреба од разјаснување на одредени работи во тој случај треба да побара појаснување, порача Ружица Николовска, адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви за прашањата упатени на денешното рочиште од претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска кон сведокот Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието.

Вељаноски денеска сведочеше за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија на барање на одбраната на обвинетиот Ѓошевски, кој тогаш беше шеф на неговото лично обезбедување како претседател на Парламентот.

– Како правник и како професионалец изненадена сум од некои работи што се случија денеска во судницата. Провокациите од јавниот обвинител беа невкусни со дофрлање на некои коментари, а испитувањето на судот сметам дека не е во ред и не е во духот на ЗКП. Ваквиот начин на испитување на сведокот Вељаноски сметам дека е надвор од законот, бидејќи судот на сите останати сведоци даваше да се доискажат до крај, но со него се случи на еден поинаков начин. Дали е тенденциозно и пристрасно не е мое да кажам, јавноста нека цени, но од она што го видов не е дозволено – изјави Николовска по завршувањето на сведочењето на Вељаноски.

Како течеше испрашувањето на поранешниот собраниски спикер од страна на судијката Добрила Кацарска прочитајте ТУКА.

Вељаноски за сведок беше предложен од Леви за кого тој имаше само пофални зборови. Рече дека Леви е професионалец, од почетокот на неговата функција како претседател на Собранието овој обвинет бил задолжен за неговото обезбедување и ако денес треба пак да избира, повторно би го избрал Леви да му биде шеф на обезбедување.

На 27 април рече дека првата комуникација со него ја имал околу 11.30-12 часот за некоја работа што требало да се заврши кај Вељаноски дома, а потоа контактирале дури попладнето. Вељаноски го контактирал и за да го извести внатрешното обезбедување за атмосферата во салата. Кога демонстрантите веќе биле влезени, Леви го прашал и дали сака да го евакуираат, а тој одговорил дека ќе остане до крај додека не се расчисти состојбата и не бидат сите евакуирани.

Повеќе од денешното сведочење на Трајко Вељаноски за 27 април прочитајте на линковите подолу:

Многу прашања од Кацарска за Вељановски: Дали како претседавач барем со нешто сте запознаени од 27 април?

Вељаноски: Мукоски придонесе да се вжешти атмосферата, а Зекирија не можев да го исклучам кога пееше

Вељаноски: Ниту сум помислил ниту сум кажал на некој да ги отвори вратите

Вељаноски до Нинџа: Не знам уште за кој до крај на судењето ќе ми натоварите дека сум му се јавувал, прекинете со лицитирање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...