На денешното судско рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата соопшти дека тројцата адвокати Димитар Дангов, Боро Тасевски и Стерјо Зиков, кои во предметот го застапуваат избеганиот поранешен премиер Никола Груевски, го откажале полномошното.
Груевски доби нов адвокат по службена должност, Петар Димовски.
Покрај поранешниот премиер, во предметот обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова, Александар Трајковски, кој беше во посета на азилантот, и др.
Инаку, Трајковски денеска се појави во Кривичниот суд откако минатата недела беше во Будимпшета каде беше фотографиран со Груевски.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI