Адвокатите на обвинетите за „27 април“ продолжуваат со завршните зборови

138
ФОТО: МИА

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Случајот се наоѓа во завршна фаза и треба да продолжи со изнесување на завршни зборови на одбраната.

На минатото рочиште завршни зборови повеќе од три часа даваше бранителот на Митко Чавков, адвокатот Сашко Дуковски. За изнесување на завршни збориви остануваат адвокатите на останатите 16 обвинети во овој случај, по што можност да дадат завршни зборови ќе имаат и сите 17 обвинети.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Обвинителката Вилма Рускоска, во завршни зборови, рече дека на судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со 10 години затвор, а друг за истото е амнестиран и дека треба само да влијаат фактите што ги видовме во судницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...