Агресивен Словенец приведен на Меѓународниот аеродром Скопје

1268

Вчера околу 19 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, полицијата го привела 37-годишниот Д.Ѓ. од Словенија затоа што агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници кои вршеле службени дејствија, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил задржан во Полициското одделение Петровец и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...