Агим Јонуз ја напушти „Само вистина“ среде дуелот со Филип Петровски (ВИДЕО)

7234

Политичкиот аналитичар Агим Јонуз среде емисија го напушти студиото на „Само вистина“ и дуелот со Филип Петровски. Дебатата, која беше жестока уште од првата минута, кулминираше кога Јонуз го остави микрофонот и реши да си замине.

– За мене велат дека сум самобендисан, ама претпоставувам се возбудуваш и ти во огледало кога се гледаш – му кажа Јонуз на соговорникот, на што Петровски реагираше со зборовите „Вие сте попиле малку пред емисија“.

Иако водителката Мирјана Трпческа се обиде да ја смири ситуацијата во студиото, Јонуз за крај додаде:

– Јас сум официр и џентлмен за тебе. Благодарам и секое добро – рече тој и го напушти студиото.

Ова е првпат еден гостин да замине од емисијата „Само вистина“. Емисијата која за кратко време стана најгледаната и највлијателна дебатна емисија во Македонија, во повеќе од 200 епизоди имаше многу жестоки дуели и ексклузивни интервјуа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...