Агенцијата за медиуми најави постапка против „1тв“ поради мајката на сопственикот

684

Агенцијатa за медиуми ќе поведе постапка против „1тв“ откако беше откриено дека мајката на Бојан Јовановски, добила работно место како член на комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации.

Според член 38 од законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не може да вршат радиодифузна дејност. Јасминка Јовановска на оваа позиција беше назначена во петокот со гласање на седница на собранието.

Постапката против телевизијата ќе се отвори на седница на советот на агенцијата за медиуми в петок.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...