Агенцијата за аудовизуелни услуги го осуди нападот врз новинарката на ТВ 21

Безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Секој вид на напад, вклучително и вербалниот, на новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. се вели во осудата на ААВМУ.

171

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди заканите упатени кон новинарката на ТВ 21 Алмедина Исмајли од страна на доскорешен член на Алијансата на Албанците.

„Безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Секој вид на напад, вклучително и вербалниот, на новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество.
Агенцијата во повеќе наврати досега има апелирано да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“ се вели во осудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...