Агаси подготвен да се врати во тренерскиот тим на Ѓоковиќ

184

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси може повторно да биде дел од тренерскиот тим на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

48-годишниот Американец смета дека има уште работи кои може да им ги пренесе на  модерните спортисти.

– Кога бев играч, никогаш не чувствував притисок, туку само стрес. Кога станав тренер, сè се промени, имаше притисок, но не и стрес. Ова е смешна разлика. Она што можам да го пренесам може да им помогне на многумина. Ако постои начин преку кој ќе му помогнам на Ѓоковиќ, подготвен сум да се вратам во неговиот тим – истакна Агаси.

Тој во мај 2017 година Агаси стана тренер на Ѓоковиќ, но по 10 месеци нивната соработка прекина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...