Агапи Дика од Меѓународниот сојуз на Боки 13 дава исказ за „Рекет“

581

Претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски  – Боки 13, Агапи Дика, во моментов дава исказ за случајот „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Денеска исказ, според најавите, треба да даде и бизнисменот Зоран Азманов.

Досега во случајот беа сослушани повеќе бизнисмени, обвинители и вработени во СЈО, пратеници, градоначалници и др.

Во истрагата засега покрај Јовановски осомничени се и Зоран Милески Кичеец и специјалната обвинителка Катица Јанева. Сите се наоѓаат во притвор во затворот во Шутка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...