Очигледно нервозни поради фактот што превратите не им успеваат, дека поддршката на народот е спртивно пропорционална со уништувачките напори што ги преземаат секојдневно, политичките квазиелитисти, прибегнаа кон проверениот, некои донекаде со право, би рекле, фашистички метод, на поделба на народот на супериорни, оние на кои им припаѓаат, и на инфериорни, на оние кои никако не можат да победат, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ во авторскиот текст „Елита и плебс“ објавен во „Политика“.
– Без оглед колку убедливо ги губат изборите, виновен е народот, бидејќи ние, глупавиот дел на Србија, за разлика од нив, ништо не разбираме и затоа не можеме да носиме вистински одлуки, напиша српскиот претседател за опозицијата.
Тој оцени дека во „последните денови и недели границата е премината, на секоја политичка и елементарна пристојност, во сеприсутната кампања на омаловажување на сите оние кои мислат поинаку од оние кои што во српското општество, поради некоја причина мислат дека и припаѓаат на елитата, на мислечкиот, социјално и ментално еманципиран слој на општеството.“
– И кому, на крајот на краиштата, му е грижа за милионите евра кои беа украдени од припадниците на таквите квазилити, кому му е гајле за илјадниците фабрики кои ги уништија, што донекаде има логика, бидејќи во овие фабрики постојат само места за глупави, грди и без заби, а тие се таму да мирисаат пари, мамат некои наивни Кинези и да решаваат за сè , истакнува Вучиќ во авторскиот текст, констатирајќи дека „се добро смислиле за народот да цркне, додека тие убаво треба да живеат.“
– Врз основа на сè, ќе ни мочаат по гробовите, бидејќи тоа е врв на изразувањето на нивната интелектуална доминација и креативната супериорност, напиша Вучиќ.
– Впрочем, само погледнете ги и запрашајте се какви се тие грамади, кога се предводени од интелектуални големини како Трифуновиќ, Обрадовиќ, Ѓилас, бидејќи несомнено дека овие тројца, заедно со Јеремиќ, имаат најголемо знаење, непоколеблива чесност и божествен морал, посочува Вучиќ.
Тој напиша дека е подготвен да го брани правото на секој човек во Србија да не биде, како што рече, газен, плукан и прогласен за помалку вреден, како и правото на народот самиот да бира, што, според Вучиќ, народот го знаел тоа и дека ќе го знае и на следните избори.
– Затоа, кога повторно ќе кажам дека ги презирам ќе биде јасно зошто тоа го правам. Затоа што тие ја презираат Србија, констатираше Вучиќ во авторскиот текст за „Политика“.