Автопатот „Арбен Џафери“ утре ќе биде затворен за сообраќај

Во периодот од 9 со 16 часот утре возилата ќе бидат пренасочувани на националниот пат Приштина – Генерал Јанковиќ.

747

Косовското Министерство за инфраструктура и транспорт објави дека утре, 23 ноември, од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од автопатот „Арбен Џафери“ кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Автопатот на сегментот Коњух – Бабуш, меѓу Урошевац и Приштина, ќе се затвори поради поставување метална конструкција за надвозник за пешаци.

Во споменатиот период возилата ќе бидат пренасочувани на националниот пат Приштина – Генерал Јанковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...