Шест германски туристи загинаа во северна Италија кога автомобил налета на нив по излегување од ноќен клуб, соопшти полицијата.
Во инцидентот во селото Лутаго, недалеку од австриската граница, се повредени 11 лица, од кои двајца се во критична состојба. Возачот на автомобилот, кој беше уапсен, исто така е хоспитализиран поради повреди.
Сите жртви се млади лица, а во извештаи во медиумите се вели дека зад воланот бил 28-годишен човек кој бил пијан.
Автомобилот налетал врз нив ноќеска околу 01.15 часот, додека тие го напуштале клубот.