Петгодишно дете од струшкото село Долна Белица е повредено при удар од автомобил на локалниот пат во населбата Фериште.
Детето, како што информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од лекар од Медицинскиот центар во Струга.
– По медицинскиот третман во струшката болница детето е префрлено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид – изјави Димоски.
Тој појасни дека вчера во 18 часот и 40 минути било пријавено оти на локалниот пат во населбата Фериште, Струшко, патничко моторно возило БМВ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од селото Радолишта, удрило во детето, пешак.
Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.