Автомобил удрил во десетгодишно девојче

395

Десетгодишно девојче е тешко повредено откако вчера било прегазено од автомобил, информира МВР.

Вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Мелнички Мост – Центар Жупа, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот А.П. од Скопје, удрило во 10-годишно девојче, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...