Во несекојдневна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице е повредено и бил усмртен еден коњ.
Според СВР Тетово, вчера околу 19 часот и 20 минути, на делницата од наплатната станица Гостивар до Здуњска крстосница, патничко возило „ауди А6“ со австриски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(44) од гостиварско Беловиште, удрило коњ кој неконтролирано и без надзор се движел по коловозот.
Од ударот, коњот бил усмртен на самото место, а взачот Ј.В. со друго возило пренесен е во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар