ЈП Водовод и канализација – Скопје ја постави првата автоматска решетка за отпад во фекалната пумпна станица во општина Аеродром – Горно Лисиче, како дел од активностите за намалување на загадувањето на водите кои се влеваат во реката Вардар.
Оваа решетка ќе го задржува крупниот отпад кој е присутен во фекалните води а со тоа ќе ги штити и пумпите од оштетување. На овој начин ќе се намалат и отпадоците кои досега биле присутни во отпадните води кои се влеваат во реката Вардар, а воедно ќе помогнат и да се намали оптоварувањето на реката со покрупен отпад.
– Поставувањето на автоматската решетка е дел од активностите кои ги преземаме како претпријатие за заштита на животната средина на градот Скопје. Поставувањето на оваа решетка директно ќе влијае врз намалувањето на поголемиот отпад кој што се влева во реката Вардар преку отпадните води и ќе придонесе за намалено загадување на реката – велат од претпријатието од каде најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со ваков тип на активности кои директно ќе влијаат на подобрување на животната средина во градот Скопје.