Петнаесет луѓе загинаа, а 27 се повредени кога автобус излета од автопат во близина на Софија и се преврте.
Полицијата соопшти дека автобусот превезувал туристи кои биле во посета на манастир, при што некои од повредените се во критична состојба.
-Несреќата се случи околу 17 часот, на 15 километри северно од Софија. Најмалку 15 амбулантни возила од три града дојдоа на местото на несреќата- изјави бугарскиот министер за внатрешни работи.
Првичните информации кажуваат дека возачот изгубил контрола врз автобусот на влажниот асфалт, при што удрил во две возила, пред да се преврти. Не е познато колку луѓе имало во автобусот и од која националност се.
Поради трагедијата, Бугарија прогласи ден на жалост в понеделник.