Автобус со кинески туристи пристигна од Вухан во Хрватска

643

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава порталот Индекс.хр.

Според порталот, туристите пристигнале со авион вчера во Милано, а оттаму со автобус за Хрватска. Тие минале здравствен преглед на аеродромот во Милано и никој немал симптоми на болеста.

Тие биле запрени на граничниот премин Брегана, каде им било укажано што треба да прават доколку забележат симптоми.

Според Индекс.хр, на возачот на автобусот му е даден бројот на епидемиолог на кој мора да се јави доколку забележи дека некој од патниците има симптоми на вирус.

За случајот е информиран и Хрватскиот институт за јавно здравје, кој претходно издаде упатства и за патниците кои одат во Кина и за повратниците или за туристите од Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...