Автобус полн со патници се запали кај Нова Горица

392

Автобус во кој се превезувале четириесет патници се запали и изгоре во близина на Нова Горица.

Според информациите на локалната полиција, присебноста на возачот, кој кога увидел дека нешто не е во ред со автобусот веднаш застанал и ги отворил сите врати за да се евакуираат патниците, е главната причина што нема повредени и се спречила трагедија.

На местото на настанот набрзо пристигнале и пожарникари кои го изгласнале огнот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според првичната истрага, пожарот започнат во делот на автобусот каде што се наоѓа моторот, а причината за истиот е оштетена цевка за гориво

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...