Автобусот тргнал додека 80-годишна жена се симнувала

186

Осумдесетгодишна жена вчера заврши со повреди поради пад од автобус на ЈСП, соопшти МВР.

Вчера во 15.30 часот било пријавено дека на улицата 11 Октомври, спроти Зелен пазар, Ѓ.Ј.(80) од Скопје паднала додека се симнувала од автобус на ЈСП, управуван од Ж.К.(58) од Скопје.

Според пријавата на Ѓ.Ј., автобусот тргнал додека таа се симнувала. На Ѓ.Ј. и била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани повреди и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...