Автобуси, минибуси, комбиња во полошко возат патници со неисправни сопирачки

Со контролата вкупно биле опфатени 148 возила, автобуси, минибуси, комбиња. 27 имале неисправни сопирачки.

171

Во контролна акција на сообраќајната полиција во полошко, откриени се над 30 технички несправни автобуси, комбиња и минибуси кои вршат превоз на патници. Констарано е дека секое петто возило било со несправни сопирачки и уред за управување. Од сообраќај биле исклучени 34 возила.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во периодот 8 до 13 часот, на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Со контролата вкупно биле опфатени 148 возила, автобуси, минибуси, комбиња. Од нив во тетовскиот регион биле 72 и во гостиварско 76, по што 114 упатени се на дополнителен преглед .

– При прегледот, кај 27 возила била утврдена техничка неисправност на уредите за запирање (сопирачки), четири уреди за управување, седум на други уреди, пет неизвршен технички преглед  и четири со некомплетна опрема –  вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Според Јосифоски, за откриените недостатоци во оваа контрола санкционирани се 49 прекршочни платни налози за 28 возила од Тетово и 21 восило од Гостивар, со пет барања за поведување прекршочна постапка и со 34 исклучени возила од сообраќај.

Во контролата, исто така, утврдени се и 32 други видови сообраќајни прекршоци за кои се поднесени поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...