Австрија воведе дигитален данок

Одлуката на Владата предвидува данок за приходите од онлајн маркетинг, како и проширување на данокот за увоз на стоки купени преку Интернет.

340

Австриската Влада денеска донесе одлука да воведе нов данок за фирмите, кои работат преку интернет, што особено ќе ги погоди Гугл, Фејсбук и други глобални дигитални компании.

Одлуката на Владата предвидува данок за приходите од онлајн маркетинг, како и проширување на данокот за увоз на стоки купени преку Интернет.

Од новиот данок, австриската Влада очекува дополнителни приходи во висина од 200 милиони евра, од кои најмалку 15 милиони евра ќе бидат наменети за јакнење и дигитализација на австриските медиуми.

Предвидено е и воспоставување на Фондот за дигитализација.

Данокот на приход од онлајн маркетингот во висина од пет проценти ќе ги погоди компаниите како што се Гугл или Фејсбук, кои имаат промет од над 750 милиони евра ширум светот, од кои околу 25 милиони во Австрија.

Што се однесува до трговијата преку интернет, пред се работи за погрешно декларирана стока од Кина, што се продава преку Амазон и други продажни портали.

Таквите артикли ќе се третира како стока купена во така наречените трети земји и се укинува границата за ослободување од данок за произвоиди во вредност до 22 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...