Неочекувани симптоми кои укажуваат на Алцхајмерова болест, губењето на помнењето не е единствениот

Првиот симптом што се појавува обично е заборавеноста кога се во прашање неодамнешни настани.

1048

Алцхајмеровата болест е еден од најчестите облици на деменција, а станува збор за прогресивна болест на мозокот за која најкарактеристично е губењето на помнењето.

Најновите научни проценки укажуваат дека до 2020 година во светот би можело да има 43 милиони заболени, до 2040 година дури 81 милион, а до 2050 година, повеќе од 115 милиони луѓе со деменција.

Меѓутоа, губењето на помнењето не е единствениот, иако е најкарактеристичниот симптом на оваа болест. Постојат и други симптоми, кои ретко кој ги поврзува токму со развојот на деменција.

Првиот симптом што се појавува обично е заборавеноста кога се во прашање неодамнешни настани, со релативно зачувана долготрајна меморија, а тоа честопати се припишува на „старечката заборавеност“.

Меѓутоа, личноста која страда од Алцхајмерова болест има чести промени на однесувањето, станува депресивна, или има напади на смеење. Сосема вообичаени се и ситуациите кога не може да се сети каде ги оставила клучевите, а се јавуваат и проблеми околу присетувањето околу тоа кој датум или година сме.

Просторната ориентација на инаку познати локации, исто така, може да претставува проблем. Не е необично ни ако почнат да се јавуваат сомнежи во непознати личности, страв, но и обвинувања насочени кон другите луѓе за кражба на лични предмети.

Се јавуваат и проблеми со одржувањето на секојдневната хигиена, но и неспособност за составување логични реченици. Ретко кој ги поврзува чешањето и компулсивниот осип со Алцхајмерова болест. Неретко, овие луѓе знаат да се чешаат додека не си пуштат крв, но не е точно познато која е поврзаноста на овој симптом со Алцхајмер.

Иако проблемите со видот исто така и’ се припишуваат на возраста, според истражувањето објавено во магазинот „American Journal of Epidemiology“ тоа се наведува како уште еден од раните симптомите на деменција во подоцнежните фази од животот.

Повозрасните луѓе со слаб вид се изложени на пет до десет пати поголем ризик од заболување од Алцхајмерова болест или друг облик на деменција во период од 8,5 години по влошувањето на видот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...