Рудолф Бројс од Австрија го посветил целиот свој живот на пронаоѓањето на најдобар природен лек против рак.
Тој направил посебен сок кој дал одлични резултати во лекувањето на оваа болест. Со помош на своите методи, излекувал повеќе од 45.000 луѓе од рак и други неизлечливо болести. според Бројс, ракот може да се преживее само со помош на протеини.
Поради тоа, разработил посебен пост во времетраење од 42 дена, во текот на кој се пијат само чаеви и посебен сок од зеленчуци, а главната состојка е цвеклото. Во текот на тие 42 дена, клетките на ракот гладуваат и изумираат, додека здравјето на целиот организам се подобрува.
Сокот на Бројс се приготвува само од еколошки одгледуван зеленчук. Сокот може да се направи дома од домашен зеленчук, а се состои од: цвекло (55 отсто), морков (20 отсто), корен од целер (20 отсто), компир (3 отсто) и ротквици (2 отсто). Важно е да се напомене дека не би смеело да се претерува со сокот од цвекло, туку да се внесува онолку колку бара организмот за време на терапијата.
Цвеклото е веќе традиционален и познат „лек“ за леукемија. Овој зеленчук ја содржи аминокиселината наречена бетаин, која има антиканцерогени својства. Терапијата со цвекло, која подразбира секојдневно консумирање сок од цвекло или сирово рендано цвекло има докажано позитивен ефект врз леукемијата и многу други видови на рак, за што сведочат илјадници луѓе.
Но, редовното консумирање цвекло помага и против болестите предизвикани од оксидативен стрес, а влакната кои ги содржи цвеклото можат да го намалат нивото на холестерол во крвта и до 40 отсто. Цвеклото е познато и по тоа што го нормализира крвниот притисок и помага во зачувување на еластичноста на крвните садови. Цвеклото ги спречува и лекува проширените вени, ако секојдневно се консумира.
Железото од цвеклото е моќно средство за чистење на организмот од токсини и зајакнување на крвта. Токму поради тоа цвеклото е ефикасно во лекувањето на многу болести, предизвикани од токсините.
Цвеклото особено им се препорачува на трудниците да го консумираат, бидејќи е богато со фолна киселина, што спречува појава на многу болести кај новороденчето. Освен тоа, сокот од цвекло ја стимулира работата на црниот дроб и жолчката, спречува запек, а во комбинација со морковот, цвеклото е одличен лек за гихт, болести на бубрезите и жолчното ќесе.
Но, неговата лековитост не престанува тука, цвеклото помага и кај главоболка, забоболка, дизентерија, болки во коските и ги олеснува кожните и менструалните тегоби.