Европската унија би можела да паузира со проширување на земјите од западен Балкан, проценувајќи оти мнозинството граѓани од Блокот не би сакале прием на сиромашни и институционално преоптоварени членки, пишува виенскиот весник „Пресе“.
Авторот пишува дека во тој случај, земјите од тој дел би можеле да формираат Балканска унија по примерот на ЕУ.
Во текстот се наведуваат и дел од обврските кои би можеле да се спроведат во регионот. Внатре се нагласува и дека ова нема за цел повторно обединување на делови од поранешна СФРЈ.
Претходно „Пресе“ пишуваше и дека најверојатно Албанија и нашата земја летово нема да добијат датум за почеток на преговорите за членство.