Куќата во која е роден Адолф Хитлер ќе стане полициска станица, изјавија од Министерството за внатрешни работи на Австрија, обидувајќи се да превенираат куќата да стане неонацистичко светилиште.
Зградата во австрискиот град Браунау каде се родил Адолф Хитлер во иднина ќе се претвори во регионален полициски штаб за да се спречи неонацистичкиот туризам, одлучи австриското министерство за внатрешни работи.
Идната полициска употреба на зградата ќе биде не погрешлив сигнал дека оваа зграда никогаш нема да послужи како споменик на нацизмот, изјави министерот за внатрешни работи, Волфганг Пешорн.екстремистите во Браунау пристигнуваат да се сликаат пред зградата, вели локалното население.
Првите пет месеци од животот Хитлер ги поминал во стан во трокатната зграда во центарот на Браунау, мал град недалеку од германската граница.
Државата ја конфискувала зградата од приватен сопственик во 2017 година, завршувајќи го долгогодишниот спор околу обесштетувањето. Откако му платиле 812.000 евра на поранешниот сопственик, министерството одлучи да распише тендер за редизајн на зградата, рекол министерот Пешорн.