Австриската влада во хаос: Сите министри од ФПО со оставки

196

Австриската влада е во хаос, сите министри од екстремнодесничарка Партија на слободата (ФПО) поднесуваат оставки, пренесува „Би-Би-Си“.

Новиот лидер на оваа партија, министерот за сообраќај Норберт Хофер, најави дека ќе се одлучат на овој чекор ако канцеларот канцеларот Себастијан Курц го отпушти министерот за внатрешни работи Херберт Кикл.

Курц соопшти дека на претседателот на Австрија ќе му предложи да распише предвремени избори во најбрз рок.

Причина за ваквата одлука беше оставката на вицепремиерот Хајнц Кристијан Штрахе, лидерот на Слободарската партија (ФПО), која ја поднесе по објавувањето на видео снимка на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер и ветува државни зделки за финансиска поддршка на неговата партија.

Курц сметаше и дека министерот за внатрешни работи мора да биде сменет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...