Австралиско списание објави неколку бели страници за читателите во зорт

135

Австралискиот таблоид „Дарвин“ денеска се пошегува на сметка на паниката предизвикана од ширењето на новиот коронавирус и разграбувањето на тоалетна хартија низ земјата, така што во својот последен број објави неколку празни страници наменети за читателите „во зорт“.

„Објавивме неколку празни страници во средина на списанието. Тие страници лесно можат да се одвојат, ако се најдете во итен случај“, наведува „Дарвин“.

Во Австралија се забележани 55 случаи на зараза со вирусно воспаление на белите дробови. Многу граѓани почнаа панично да купуваат од тоалетна хартија. Некои супермаркети поради разграбувањето, одлучија да го ограничат продавањето на овој производ. Во една продавница, полицијата мораше и да интервенира поради тепачка меѓу двајца муштерии за хартија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...