Австралиски сенатор доби јајце во глава откако за масакрот ги обвини муслиманите ВИДЕО

772

Австралискиот сенатор од државата Квинсленд , Фрејзер Анинг, кој вчера изјави дека за масакрот во Крајсчрч се виновни муслиманите денеска , среде прес конференција беше гаѓан со јајце.

– Вистинска причина за крвопролевањето во Нов Зеланд е имиграциската програма со која на муслимански фанатици им се дозволува да се доселат во Нов Зеланд,  напиша 69 годишниот сенатор во своето официјално соопштение.

Ваквиот негов став беше предмет на остри критики не само во Австралија , туку у во целиот свет. Тој муслиманската вера ја нарече дивјачка , која го тероризира целиот свет.

Тој денеска го објаснуваше својот вчерашен став, но среде прес конференцијата еден тинејџер му залепи јајце на главата. Анинг се сврте и се обиде да го натепа тинејџерот. Но кога момчето се обиде да му врати, двајца обезбедувачи го соборија момчето на земја.

17 – годишното момче е уапсено , па потоа пуштено и против него ќе биде покрената судска постапка.

Во меѓувреме, премиерот на Австралија, Скот Морисон ја осуди изјавата на сенаторот Фрејзер Анинг.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...