Австралискиот источен брег се подготвува за „катастрофалниот ден“

Повеќе од 50 пожари пламнаа во Нов Јужен Велс, а според најавите на надлежните, денеска се предвидени „катастофални“ услови погодни за ширење на пожарите, наведува Би-Би-Си.

144
ФОТО: Принтскри / Јутјуб

И денеска се затворени неколку стотици училишта ширум Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, додека надлежните служби ги повикуваат граѓаните да се евакуираат од руралните делови на државата каде беснеат шумски пожари.

Повеќе од 50 пожари пламнаа во Нов Јужен Велс, а според најавите на надлежните, денеска се предвидени „катастофални“ услови погодни за ширење на пожарите, наведува Би-Би-Си.

Тие очекуват огнот брзо да се прошири заради високите температури и силниот ветар, што може да ги загрози животите на луѓето.

Десетици илјади граѓани на Австралија се засолнети на сигурно откако властите ги предупредиле дека е предоцна да ги напуштат домовите пред пожарите што се шират на источниот брег од континентот.

На ширењето на пожарите им влијаат екстремно сушните временски услови во Нов Јужен Велс и Квинсленд, каде во некои делови дожд нема заврнато три години.

Во Сиднеј, каде живеат пет милиони лица, надлежните апелираат граѓаните да не излегуваат надвор бидејќи градот е прекирен до „ризичен чад“.

Околу 600 училишта и колеџи ширум земјата се затворени.

ФОТО: Принтскри / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...