Полиција упадна во седиштето на Австралискиот јавен сервис поради текстови за наводно недолично однесување на австралиските сили во Авганистан.
Службениците дошле во јавниот сервис Еј-Би-Си со налози за претресување двајца новинари и уредник на вести.
Истрагата е покрената поради серија истражувачки текстови од 2017 година, познати како Авганистански досиеја, во кои се „откриени тврдења за нелегално убивање и недолично однесување на австралиските специјални сили во Авганистан“.
Еј-Би-Си досиејата ги објави на 10 јули 2017.
Водечкиот синдикат на новинарите изјави дека претресите се „вознемирувачки образец на напади врз австралиската слобода на медиумите“.
Директорот на Еј-Би-Си, Дејвид Андерсон изјави дека рацијата „предизвикува легитимна загриженост за слободата на печатот“.
– Еј-Би-Си стои зад своите новинари, ги штити нивните извори и ќе продолжи да известува без страв или наклонетост кон прашања од националната безбедност и разузнавачки податоци кога има јасен јавен интерес – рече Андерсон.