Дарителот на крв од Австралија, кој благодарение на реткиот тип на крвна група спасил животи на повеќе од два милиони неродени деца, на кои им било потребно анти – Д имуноглобулин, во петокот во Сиднеј последен пат дарувал крв.
Осумдесет и едно годишниот старец константно дарувал крв имнинатите 63 години, и сега отишол во пензија.
Во друштво на мајки и нивни бебиња, Џејмс Харисон на медицинската сестра и ја подал „златната рака“ за последен пат да му извади крв, која е посебна, бидејќи константно произведува високо ниво на антитела, важни за производство на анти – Д инекцијата.
Од неговата плазма се произведува анти – Д имуноглобулин кој се дава на Рх -негативните мајки по раѓањето на Рх – позитивните деца, со што се спречува развој на Рх – антитела.
Мајките и децата понекогаш немаат компатибилни карактеристики на крвта, како што е случајот кога децата се Рх-позитивни, а мајките Рх -негативни.
Харисоновите донации им помогнале на повеќе од два милиони мајки од Австралија, на свет сигурно да ги донесат своите бебиња.
Харисон бил инспириран да почне да дава крв кога имал 15 години, кога биле потребни 13 литри крв во текот на една голема операција.
Тоа го навело кога наполнил 18 години да почне да дава крв, односно во 1954 година.