Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги отвори постапка за сопствеништвото на 1ТВ.
На седница се одлучи дека се исполнети условите за постапка за утврдување на вистинското сопствеништво.
Постапката се отвора согласно членот 34 од Законот за АВМУ.
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во јавноста изјавуваше дека е сопственик на телевизијата, додека на хартија како сопственик се води неговиот татко.