АВМУ: Радијата можат да пријават емитување домашна музика до 8 февруари

78

Радијата можат да пријават  емитување домашна музика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до петок (8 февруари).

Советот на АВМУ на вчерашната седница донел насоки со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика.

– За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно а музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, радијата ќе добијат намалување на надоместот за дозвола. Минималното намалување на надоместот по тој основ може да биде 10 проценти, а максималното 30 проценти, соопшти денеска АВМУ.

Радио програмските сервиси можат да емитуваат и повеќе од 30 проценти музика на македонски јазик и на јазицире на етничките заедници, но намалувањето на надоместот за дозвола ќе биде 30 проценти.

Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот по електронски пат на contac@avmu.mk или во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика се достапни на веб страниата www.avmu.mk.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...