АВМУ: Новинарот Сашо Ордановски ги прекрши професионалните стандарди

2427

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатира дека во интервјуто на новинарот Сашо Орданоски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, не биле испочитувани професионалните стандарди.

„Првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,пишува во соопштението на Агенцијата испратено до медиумите“, се вели во информацијата од АВМУ.

Извештајот од надзорот ќе биде објавен на веб страницата и доставен до Советот на Агенцијата, а во меѓувреме, регулаторното тело нагласува дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела за вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...