Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ги осудува вчерашните напади на новинарка и фоторепортери за време на одбележувањето на верскиот празник Водици во Скопје, реагираат од АВМУ.
„Медиумските работници треба да имаат слободен пристап до сите настани и да им се овозможи професионално да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста. Зачувувањето на достоинството на новинарската професија е особено важно и од тие причини целосно неприфатливи се заканите и нападите на претставниците на медиумите“, пишува во соопштението.
Покрај АВМУ, со осуди за инцидентот се јавија и останатите новинарски организации: Самостојниот синдикад на новинари на Македонија (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонската асоцијација на новинари (МАН), а од олитичките партии досега реакција имаше само од СДСМ.