АВМУ: Му се допаѓа некому или не, слободата на изразување подразбира различни гледишта

880

По последните закани упатени кон новинарот Бранко Героски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, соопшти дека каков било обид за спречување на слободата на изразување е неприфатлив.

„Новинарите и медиумите мора да бидат оставени да ја работат својата работа професионално, а сите субјекти, институции и јавноста воопшто треба да прифатат дека слободата на изразување подразбира различни гледишта без оглед дали некому му се допаѓаат или не“, соопшти Агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...